Живеел 20 години со куршум во глава: Момче (28) имало страшни главоболки, а потоа ја дознало вистината
Закажана му е итна операција ...
Млад Кинез кој во последно време има силни главоболки се шокирал кога дознал дека 20 години живее со куршум во левата страна на черепот!
Ксијао Чен, 28-годишен маж од Шенжен, од кога може да се сети страда од случајни главоболки, само што во последно време се почести и посилни.
Во почетокот Чен мислел дека болката е предизвикана од недостаток на сон во работните денови, но спиењето не е решение, особено затоа што главоболките го држат буден ноќе. На крајот, работите станале толку лоши што тој решил да оди во болница, каде што лекарите откриле прилично бизарна причина за болката.
— FikoR (@FikoR87) February 4, 2022
И додека во една прилика правеле магнетна резонанца, лекарите од Општата болница на Универзитетот во Шенжен откриле чуден предмет кој се наоѓал на левата страна од черепот на Ксиао Чен.
Повнимателно испитување открило дека малиот предмет е всушност куршум, па вработените во болницата го прашале пациентот дали има идеја како куршумот стигнал таму.Интересно, Чен се сетил дека кога имал околу 8 години, тој и неговиот брат си играле со воздушен пиштол дома, кога случајно пиштолот испукал, пукајќи го во страничната страна на главата. Тој и неговиот брат се плашеле дека родителите ќе ги искараат, па ништо не им кажале, а раната му ја покрила косата, за да не ја видат родителите. Освен тоа, раната не била премногу болна, па на крајот заборавил на неа.
Лекарите му рекле на 28-годишникот дека има среќа што е жив, бидејќи куршумот бил многу блиску до слепоочницата, но не го пробил целосно черепот, ниту пак го погодил мозокот. Итна операција била закажана, а успешно е изваден куршум стар 20 години, долг околу 1 сантиметар и пречник околу 0,5 сантиметри.
Foto: Twitter/Printscreen/FikoR