Живеел на свеќа, се позајмувал да преживее: Никола трепери од стравот за иднината
На 19 - годишниот Никола животот никогаш не му донел ништо убаво. Живее во сиромаштија, почесто е гладен отколку сит, без храна, облека, обувки, средства за хигиена, греење... Живеел на свеќа, позајмувал за да преживее... Доживеал мајка му и татко му да му починат пред очи...
По смртта на мајка му Луција, пред 4 години, поради изгореница која ја добила додека го палела огнот, следувал уште еден удар. Минатата сабота остана и без татко му Горан. Сам, со двете сестри Николина и Невена, живее во позајмениот стан за кој треба да плаќаат кирија, малата резерва дрва за огрев, долговите за погребот, без пари...
„По смртта на мајка ми, разочаран побара азил во Шведска и влеговме во програмата“ - раскажува Никола. „По терористичките напади, се вративме во Србија. Без документи, без ништо. Татко ми остана и без социјалната помош, бидејќи не беше обновено барањето. Подоцна го направи тоа, па добивавме помош. Иако беше болен, преживеа два инфаркти, работеше тешки физички работи, за да ни обезбеди оброк. Изнајмивме стан во Угриновци. Еднаш цел ден работеше на дожд и фати бронхитис, па возпаление на белите дробови. Не сакаше да оди на лекар, се додека не попушти поради болките. Но, изгледа дека беше доцна. Почина во сон. Сестрите и јас бевме дома. Обдукцијата покажа дека имал инфаркт додека спиел. Трет, кој бил фатален“. - додава ова 19 - годишно момче.
За да го закопа татко му, Никола се познајмил пари. Трошиците изнесувале повеќе од 100.000 српски динари. Иако му било ветено, еднократната помош од Општина Земун не ја добил. Подоцна било утврдено дека татко му веќе ги искористил за купување на дрва. Моментално главна грижа му е да не му ги одземат ќерките. Вели, дека му ветиле дека ќе добие старателство. Не знае ни што ќе биде со социјалната помош.
Поради сево ова, неговата класна, Марјана Ачимовиќ го поттикна да ја раскаже приказната на неговиот живот и да побара помош од институциите во Србија.