Животната приказна за храбрите сијамски близначки: Тело составено од уникатни неврони
Животната приказна на овие близначки инспирира многу луѓе од моментот кога се родиле пред 32 години и кога на нивните родители им било кажано дека нема да ја преживеат ноќта.
Причината за тоа е ретка медицинска состојба во која една оплодена јајце клетка не успеала правилно да се одвои целосно во матката. Токму тоа е она што ги прави тие две најретката форма на споени близнаци.
Имаат две срца, два стомаци, три бубрези, четири бели дробови. Од друга страна, тие делат еден црн дроб, еден граден кош, имаат заеднички циркулаторен систем и само делумно одвоен нервен систем. Од половината надолу, Аби и Бретани делат органи, вклучувајќи ги цревата, мочниот меур и репродуктивните органи.
Нивните родители никогаш не помислиле да ги разделат од страв дека едната или двете ќе умрат или ќе останат со тежок инвалидитет. Всушност, нивната мајка Пети не ни знаела дека очекува близнаци додека не се родиле девојчињата. Ниту лекарите не ја сфатиле сериозноста на ситуацијата. До породување. Бебињата веднаш биле пренесени во клиника во поголем град.„Педијатарот рече дека моите бебиња се поврзани и дека имаат две глави“, се сеќава Пети Хенсел во интервју за Дејли Меил во 2006 година. „Беше многу директен, но апсолутно коректен. Кога првпат ги видовме, она што го помисливме е дека се убави“.
Иако Аби и Бритни се поподложни на настинки и двапати имале пневмонија, и двете велат дека се во добра здравствена состојба и покрај серијата операции. Третата неразвиена рака им била извадена од градите додека сѐ уште биле бебиња. Нивното искривување на 'рбетот било корегирано, додека градната празнина била проширена кога имале дванаесет години, за да се спречат проблеми со дишењето.
Близначките велат дека нивното тело е „поделено со црвена линија“. Едната ја контролира левата страна на телото, додека другата ја контролира десната. Тие мора да работат синхронизирано за да се движат правилно.
Нивната анатомија сѐ уште е мистерија за лекарите. Имено, секоја од нив не чувствува допири на спротивната страна од телото. Кога една од нив ќе се ракува, другата не го чувствува тоа. Ова ги наведува лекарите да веруваат дека нивните неврони се единствени и дека не постои друг таков познат случај во светот.
Тие си ги завршуваат речениците и си ги читаат мислите, додека телото им е совршено синхронизирано.
Родителите не сакале да зборуваат јавно додека тие две сами не го посакале тоа. Во 2012 година, сестрите сакаа да го споделат својот живот на социјалните мрежи. Светот првпат ги виде на малите екрани во 1996 година, кога Опра Винфри ги водеше во своето шоу. Тие исто така глумеа во неколку документарни филмови. Во овие филмови, сестрите зборуваа за нивното секојдневие и за тоа како научиле да живеат исполнет живот иако имаат различни интереси: Аби, на пример, сака математика, додека Бретани е родена писателка.
На многу начини, Аби и Бретани живееле нормален живот. Тие оделе во редовно училиште и биле исклучително дружељубиви. Пријателите и семејството отсекогаш им биле поддршка. Во прилог на тоа дека совладувањето на животните пречки не им е проблем на двете, тие го положиле и возачкиот испит. По средното училиште се запишале на Бетелскиот универзитет во Арден Хилс, каде што дипломирале во 2012 година.
Денес, овие близначки водат мирен живот во родниот град и работат како учителки во школо.
фото: PROFIMEDIA