Златни грутки тешки скоро 4кг. пронадени во Австралија: Копачите пресреќни
- 21 Август, 2020
Кој е упорен веројатно и ќе му се исплати. Тоа „дебело“ им се испалти на копачи од Австралија, кои во рок од само неколку часа пронајдоа две огромни грутки злато во вредност од скоро 200.000 евра.
Грутките со вкупна тежина од 3,5 килограми се пронајдени во еден ден во близина на рударскиот град Тарнагула во сојузната држава Викторија. Брент Шенон и неговите роднини Пол и Итан Вест се пронаоѓачите. Тие, по неколкумесечно чекање за дозвола, почнале да копаат во подрачје што дотогаш не било истражувано.
Според познавачи, грутките би можеле да достигнат и до 30 отсто поголема цена ако некој колекционер се заинтересира за нив.
Најголемата грутка злато што досега е откриена е онаа од јануари 2013 година. Тежеше 5,5 килограми и беше пронајдена близу Баларат, на еден час возење од Тарнагула.