ЗЛОУПОТРЕБЕНО ИМЕТО НА ПРОФЕСОР ПАНОВСКИ: „Не рекламирам ни чај за паразити, ниту некогаш ќе рекламирам некој лек“

Професорот Никола Пановски денеска преку пост на Фејсбук остро реагира дека неговото име е злоупотребено за рекламирање одреден лек.
-Драги пријатели, еве и мене ми дојде редот. Се видов со слика и текст. И до сега сум реагирал за да ги заштитам моите колеги. Група хохштаплери и криминалци од најдолен вид, со години, преку социјалните мрежи злоупотребуваат угледни доктори, професори, дел постојат, дел се измислени. Неовластено користат нивни фотографии, нивното име и титула, постираат нешто што тие не го кажале, па потоа продолжуваат со измислени пациенти, како тоа средство им помогнало итн. На крајот производот го продаваат онлајн, за висока цена. Неовластено се богатат злоупотребувајќи го нашиот углед стекнат со децении. Повеќе на Фактор.мк