Змискиот остров, само што ќе стапнете на тлото, имате околу еден час да преживеете

Штом стапнете на тлото, имате околу еден час да преживеете - ако имате среќа, велат експертите

Островот на змиите не е имагинарна локација од кошмари или ужаси, туку вистинско место што луѓето навистина така го нарекуваат, иако на локално ниво е познато и како Ilha de Queimada Grande.

Оддалечен е на 30 километри од брегот на бразилскиот Сао Паоло, а од воздух изгледа зачудувачки убаво - со зелена вегетација, прекрасно карпесто крајбрежје и опкружен со кристално чисто море.

Островот е дом на најсмртоносните змии во светот, буквално илјадници ги има таму. Нема место на Земјата каде концентрацијата на отровни змии е поголема - велат научниците. 

И ние го имале островот Голем град или Змискиот остров на Преспанското езеро кој според густината на змиите на метар квадратен е сличен на Бразилскиот остров, но ни од далеку „нашите„ змии не се така опасни.

Бидејќи површината на Queimada Grande е само 0,45 квадратни километри - пресметката е јасна, таму не само што ќе бидете сигурни дека ќе видите змија, туку ќе видите стотици од нив, или една змија на секој метар земја.

Не е ни чудо што луѓето не живеат на овој остров, а единствениот доказ за човечко постоење е светилник изграден за да се избегнат бродоломите. Некој мораше да изгради и управува со светилникот, а според Смитсонијан, во раните 1900-ти, човекот задолжен за тоа живеел на островот. Според легендата, последниот светилничар и неговото семејство не преживеале, бидејќи змиите наводно влегле во нивниот дом преку отворени прозорци.

Змија чиј отров го распаѓа и раствора месото

Змиите се хранат главно со птици, но за да ги каснат луѓето, важно е да се знае дека отровот на таканаречената златна змија буквално го распаѓа човечкото месо.

Смртоносниот вид локално наречен Илха де Квимада Гранде е доста непознат, а причината е што овој остров е нејзиниот единствен дом. Има убава златна боја и глава во форма на копје. Ја има и во други делови на Бразил, но таа на островот има најсилен отров. Симптомите на каснување на змијата која е слична на златната змија вклучуваат откажување на бубрезите, крварење во мозокот, крварење во цревата и некроза на мускулното ткиво. Сега замислете што прави пет пати посилен отров од змијата на островот. Ни противотров не делува!

Колку е страшно тоа?

Замислете го најлошото сценарио на каснување од змија. Уште полошо, велат експертите. На пример, каснување од црната мамба го „исклучува“ нервниот систем, парализирајќи ја жртвата и предизвикува смрт во 100 проценти од случаите (освен ако жртвата не е на еден метар од противотровот).

Се чини дека не може да биде полошо од тоа, освен фактот дека отровот на црната мамба не ги претвора вашите внатрешни органи во каша и течност. Ете тоа го прави златната змија! Нема случај кога некој преживеал доволно долго за да стигне во болницата.

„Со овие златни змии, тоа е особено болна смрт“, објаснува биологот Брајан Фрај, еден од неколку луди истражувачи кои се осмелиле да го посетат островот.

„Во секој случај умирате врискајќи“, додава Фрај.

Забранија да се оди на островот

Поради огромната популација на отровници, бразилската влада го забрани островот, а единствените исклучоци се специјалните дозволи за научниците и истражувачките тимови, чиј предуслов е да се има лекар на должност во близина, како и заштитни костуми.

Но, кога нешто е ретко и толку опасно, секогаш се наоѓаат будали кои сакаат да го вкусат тоа „забрането овошје“. Поради оваа причина, постои и црн пазар за тури што водат кон островот, како и црн пазар за набавка на змии. Цената на змија, наводно, е меѓу 10 и 30. 000 долари.

Отровот може да биде корисен во современата медицина

Лудо нешто за природните супстанции што можат да предизвикаат смрт - е фактот дека тие можат да имаат лековити својства. Отровот од златна змија досега го покажа својот фармацевтски потенцијал и веќе се користи во медикаментозен притисок, и се верува дека може да помогне во спречување на згрутчување на крвта, срцеви заболувања и циркулаторни проблеми.

Популацијата на змии на овој остров расте и се развиваше илјадници години без никаква човечка помош. Тие се размножуваа брзо и немаа големи копнени предатори како закана, но имаше еден важен проблем - немаа копнен плен. Затоа научија како да ги демнат птиците. 

Златните змии не се единствените. Иако тие дефинитивно се „ѕвездите“ на змискиот остров. Поточно, постои помала популација на змии, нетоксични претежно, кои може да се најдат на други локации во Атлантскиот Океан. Ова не значи дека овие змии нема да ве каснат, но нема да умрете од тоа.