Знаете ли дека на Монт Еверест има хотел: На 4.000 надморска височина
Фасцинација за сите сетила!!!
Скриен на гребенот со спактакуларен поглед на највисокиот врв на светот- Монт Еверест, хотелот Еверест нуди фантастично доживување за сите сетила.
Сместен е во рамките на националниот парк Сагармата во Непал, место кое е заштитено од УНЕСКО и е светско наследство.
Хотелот нуди поглед на 360 степени на највисоките врвови. Со поглед на застрашувашкиот врв Монт Еверест од секоја просторија, посетителите можат да се потопат во оваа зачудувачка сцена од луксуз.
Отворен во 1971 година, и е наведен во Гинисовата книга на светски рекорди (2004) како хотел сместен на нависока надмоска височина од 4.000 метри.
Застапено во бројни водичи и со медиумско покривање, одморалиштето стана светска дестинација.
Еверест го олицетворува авантуристичкиот дух на Хималаите. Тоа е совршено место од каде се истражуваат околните села и се ужива во прекрасниот пејзаж исполнет со зимзелена елка, грмушки и рододендронски шуми.
Во неколкуте апартмани се нуди атмосвера на идилчна шумска куќа, а до хотелот најчесто се стигнува со хеликоптер поради крајно непристапниот терен. Воздухот е оштар, а има ветер постојано.
Но за да ги наполните градите со чист воздух, адреналин и забава, ова е токму тоа место за вас.