Знаете ли што претставува женскиот знак на WC-то: Многумина мислат дека е фустан, но не е!

Сигурно многу пати сте виделе знак за тоалет со силуети на маж и жена. Машкиот знак носи панталони, женскиот фустан - или така мислевме до неодамна, кога аризонската компанија Axosoft создаде кампања која сака да ги изедначи мажите и жените во одредени традиционално машки занимања, пишува The Mirror.

Тања Катан од Axosoft тврди дека триаголникот никогаш не требало да претставува фустан, туку наметка, па на тој начин вели дека жените можат да бидат суперхерои.

- Во науката, технологијата, уметноста, математиката, политиката, на улиците и во нашите домови жените често се невидливи, непоканети или едноставно заобиколени. Девојките и жените заинтересирани за наука, технологија, механика и математика се малцинство - велат од компанијата.

Целта на кампањата It was never a dress е да поттикне разговори за прифаќањето на жените во која било професија. Не се работи само за еднаквост на жените, туку и за пополнување на големиот недостаток на работни места во многу занимања.