Знаете ли зошто Македонците слават куќна слава? Секое второ семејство го празнува Св. Никола
Треба секогаш, но барем тогаш да се сеќаваме на светителот, којшто е наш семеен и домашен заштитник, покровител и застапник пред Бога. Тој е наш посредник до Бога
Македонците не ја нарушија оваа традиција ниту во турското ропство, ниту во многубројните војни и неволји, сè до времето на комунизмот.
Знаеме дека скоро секој дом има свој светец заштитник. Меѓутоа, како семејствата ја добиле својата слава и што претставуваат?
Треба секогаш, но барем тогаш (на денот на славата) да се сеќаваме на светителот, којшто е наш семеен и домашен заштитник, покровител и застапник пред Бога. Тој е наш посредник до Бога.
Меѓутоа, што е куќната слава? Тоа е обичај, кој е повеќе застапен во централна и западна Македонија. Скоро секој дом има свој светец заштитник, а христијанските светци не се некакви измислени богови, туку вистински личности, кои биле луѓе на земјата и отишле во рајот. Оттаму се молат за нас на земјата.
Куќната слава е израз на побожноста кај нашиот народ, молитвено прославување на еден светител, како личен заштитник или заштитник на семејството и семеен молитвен застапник пред Бога, на славата поревносно и помолитвено го пославуваме и величаме светителот.
Славата ги собира и соединува луѓето во братска заедница – во Црквата, бидејќи и Црквата е заедница. Семејството е Црква во мало, а на славата – домашниот празник или именденот, сите роднини и пријатели се во заедница – претставувајќи Црква. Тоа е молитвена средба и заедница на љубовта.
Како треба да се одбележи/празнува домашната слава:
-Тоа е пред сè духовен настан, којшто треба да се одбележи со израз на вера, надеж, љубов и молитва.
-Името „слава“ значи славење на Бога и прославување на светите Божји угодници, преку благодарење за добрините што ни ги дал Бог и за помошта од светиите, како и наша молитва за натамошно нивно застапништво за нас.
-Домашен празник не се одбележува само со богатото гоштевање, туку и со молитва, вера и со добри дела.
-Јадењето и пиењето не се грев, но прејадувањето и опивањето или прекумерното расфрлање се гревови. Црквата го благословува она што е во разумни граници, а другото го забранува.
Се верува дека славата е христијанизирана форма на старословенски (или пошироко, индоевропски) празник посветен на митскиот предок на семејството, или воопшто на семејните предци. Славата потекнува од култот на предците, еден од најважните прасловенски култови. Имено, старите Словени, многу го сакале своето семејство и нивниот однос со нивните предци.
Славата тогаш (а и денес) одржувала врска со предците и потеклото. Со славењето, семејствата го пренесуваа културното наследство од генерација на генерација и ја задржаа свеста за сопственото потекло.
На денот на празнувањето, цел дом блеска од светлина и радост! На масата се ставаат четири работи: запалена восочна свеќа, лебче, жито и вино.
Оваа традиција Македонците не ја прекршиле ниту во турското ропство, ниту во многубројните војни и неволји, сè до времето на комунизмот, кога во многу домови се изгаснале словенските свеќи.
Мора да се избегнува подготовка на мрсни јадења во деновите на постот, прекумерна употреба на алкохол, лоши зборови и пцовки и пушење покрај празничната свеќа.
Најчесто домашните слави се пренесуваат од генерација на генерација, но има семејства кои не знаат точно како ја наследиле славата или зошто токму тој светец е одбран за да го слават за куќна слава.
Празнувањето е пред се духовен настан - најважно е сечењето на лебчето, а се останато е прашање на волја и способност. Затоа, подготвувањето храна, поканувањето гости и забавата не се услов за правилно да се прослави славата, затоа уживајте повеќе, а работете помалку.
Инаку, Свети Никола е еден од празниците што македонските православни верници најмногу го слават како домашна слава или пак како именден. Речиси секое второ семејство овој ден го празнува како слава. Свети Никола е најпразнуваниот светец.Фото: unsplash
Извор: ало.рс/религија.мк