Знаете ли зошто седиштата во театрите се црвени? Постои научна основа

Дури и да не сте љубители на театарот, сигурно знаете дека речиси во сите театри седиштата се црвени. Можеби претходно не сте го приметиле тој детал, но има причина за тоа што се крие во историјата на театарската уметност.

Имено, правилото за црвени седишта и завеси потекнува од италијанските опери. И како што стана попопуларно и продолжи да се шири во остатокот од Европа, сите оперски куќи беа дизајнирани според италијанскиот модел: во црвена и златна шема на бои.

Црвената е првата боја која човечкото око ја губи од вид во темни и слабо осветлени услови. Подоцна, кога театрите и кината ја заменија операта како главен дел од масовната забава, овој тренд остана - од друга причина, научна. Во физиката, црвената боја има најдолга бранова должина (припаѓа на опсегот од 625-740 нанометри во спектарот) и многу добро се прилагодува на недостатокот на светлина. Додека зелената или сината би биле помалку камуфлирани...Интересно е што црвената боја прави работите да изгледаат поблиску отколку што навистина се, бидејќи го привлекува нашиот фокус.

Инаку, за разлика од другите бои, црвената ги буди најсилните емоции: радост, мотивација, страст, љубов, опасност, а во некои традиции симболизира и револуција. Црвената е една од првите бои користени во праисториските уметнички дела.

извор:krstarica