Знамиња на половина копје: Утре погребите на Андреј и Сара како и на 59- те загинати во пожарот, еве ги деталите

По повод трагедијата во дискотеката во Кочани, каде што во пожар загинаа 59 луѓе и повеќе од 150 млади лица се здобија со тешки повреди, во нашата држава се прогласија 7 дена на жалост.
„Погребот на Андреј е закажан за четврток, во 10 часот во капелата во Бутел“ - напиша сопругата на пејачот на социјалните мрежи.
Обдукцијата и идентификацијата на телата на 59-те жртви на страотниот пожар заврши во Институтот на судска медицина во Скопје. Се прават последните подготовки за нивното последно испраќање.
Триесетте жртви од Кочани ќе бидат погребани утре, во различен временски период. Ќе присуствуваат голем број свештени лица од синодот, изјави влaдиката Иларион.
Според законот, денови на жалост се прогласуваат по особено тешка несреќа чии последици се смрт, повреда или тешко оштетување на здравјето на поголем број луѓе, или во случај на смрт на висок државен функционер. Ден на жалост може да се прогласи и во случај на смрт на човек кој дал голем придонес за земјата, како и по повод на некој особено трагичен настан, по проценка на Владата.
Во овој случај, прогласени се 7 дена на жалост почнувајќи од 16. март на полноќ до 23. март. Еве што значи тоа:
- Во следните седум дена, нема да одржуваат културни манифестации и настани.
- Знамињата во сите институции ќе бидат на половина копје.
- Радиодифузерите ќе мора да ја приспособат програмата, така што музиката да биде од жанрови соодветни за денови на жалост. На радијата ќе се емитува само сериозна музика. До завршувањето на деновите на жалост радиодуфизерите се ослободени од обврската за емитување одреден процент домашна музика.
- Телевизиите не смеат да емитуваат филмови од хумористичен карактер. Забранети се хумористични емисии.
- Се откажуваат и сите театарски претстави, кино-проекции, концерти, а откажани се и сите домашни спортски настани. Забранети се сите настани на јавни места.
Со оглед на тоа што голем дел од активностите денес се префрлени на социјалните мрежи, постои одреден кодекс на однесување што треба да се почитува и на платформите како што се Фејсбук и Инстаграм.
Доколку имате бизнис на социјалните мрежи, имајте ги предвид следниве правила на однесување:
- Споделете објави во кои изразувате сочувство за настанатата трагедија на сите ваши бизнис-профили на социјалните мрежи.
- Паузирајте ги сите други активности на социјалните мрежи. Не споделувајте објави што не се во согласност со националното расположение.
- Паузирајте ги сите промоции, кампањи и спонзорирани објави кои не се соодветни во дадените околности.
- Не пуштајте музика – дозволена е само класична музика.
- Прегледајте ги сите деловни соопштенија што сте сакале да ги направите за време на деновите на жалост и размислете дали би било подобро да ги одложите.