Забава // Занимливости
Зошто кулата во Пиза не се урива при земјотреси,а е накривена како да ќе падне секој момент?
- 27 Ноември, 2024
Едно истражување покажа на кој начин кулата во Пиза им пркоси на гравитацијата, земјотресите и поместувањата на тлото.
Тајната зад отпорноста на прочуената кула висока 58 метри ја открија истражувачи од универзитетот Бристол во Лондон.
„Иронично, истото тло кое довело до тоа кулата да се накриви, сега ја држи на место. Изградбата почнала во 1173 година и траела околу 200 години поради војните“, објаснија од Универзитетот во Бристол.
Истражувачкиот тим составен од 16 инженери дошол до заклучок дека висината и крутоста во комбинација со меките темели на кулата ја прават истата максимално обезбедена, а тој феномен е познат како динамична интеракција на земјината структура.