Зошто младоженецот ја пренесува невестата преку прагот?

Зетот, пред невестата да влезе во нивниот нов дом за прв пат на денот на свадбата, ја пренесува својата избраничка преку прагот. Тоа е еден од најраспространетите обичаи за венчавки во светот. Иако луѓето го сакаат овој обичај, неговото потекло и значење е далеку посериозно.

Дури и многу антички цивилизации верувале дека секое огниште, т.е. домаќинството е опколено од зли духови кои постојано прават планови за тоа како да донесат несреќа и раздор во еден дом. Дека тоа можеле да го сторат само преку некое слабо - тело и душа, но исто така и некој чист и невин.

Таков некој би можело да биде само дете или невина девојка која штотуку влегува во домот.

Со цел невестата да не внесе лоша енергија или да дозволи лошите духови да влезат во дом, младоженецот ја носи преку прагот, за да спречи какво било мешање на злите сили во неговиот дом.

извор:balkanspress