Зошто на хотелските соби го нема бројот 420? Морбидно
Бројот 420 има силна симболика во Соединетите Американски Држави. Всушност, можеби не сте знаеле дека бројот 420 е тесно поврзан со канабисот, имајќи предвид дека 20-ти април во САД се слави како ден на марихуаната. Поради оваа причина, некои хотели отидоа до таму што на вратата не сакаат да го стават бројот 420, најчесто или го избегнуваат бројот или ја ставаат комбинацијата 419 + 1.
Во другите хотели воопшто нема соба со број, а оние што имаат, честопати остануваат без табличка со бројот на вратата затоа што љубителите на марихуаната си го зимаат со себе и го чуваат како сувенир.
На пример, во еден хотел во Колорадо, плочата со бројот 420 била украдена од вратата неколку пати, што по последната кражба сопствениците одлучиле да го решат проблемот со едноставно пишување на бројот 420 на вратата, пренесува punkufer.hr. .
Меѓутоа, како всушност започна приказната и зошто 20-ти април стана ден за славење на марихуаната?
Не е точно, како што многумина мислат, дека тоа е поради денот кога починал Боб Марли (кој почина околу три недели подоцна). Ниту, пак, е бројот на полицискиот код што го користат полициските службеници за да пријават употреба на марихуана.
Вистината, или барем она за што многумина би се согласиле е поврзана со група студенти кои студирале на Универзитетот Сан Рафаел во Калифорнија во 1970-тите. Имено, тие се среќавале секој ден во 16:20 (4.20 pm) часот на статуата на Луј Пастер, за да пушат е марихуана. Пред тоа по ходниците си шепотеле „Луј 420“, легендата се проширила низ Америка, затоа и денес многу млади знаат што значи бројот 420.
Американците сепак се очигледно многу суеверни, бидејќи 420 единствениот број кој е „забранет“. И бројот 13 исто така се избегнува да се става на вратите се со цел да се одбегне застрашувачката тринаесетка. Некој одат до таму што немаат ниту 13-ти спрат.
Фото: Pexels