Зошто Новак Ѓоковиќ ги посетува Босанските пирамиди и местото Високо?

Новак Ѓоковиќ често ја посетува Босна и Херцеговина.
Србинот го има посетено местото Високо четири пати.
-Новак сака да ги посетува праисториските тунели. Не станува збор за таканаречените пирамиди, туку за антички градби. Тие го обновуваат организмот, вршат детоксикација, чистат вируси и бактерии од организмот – откри Семир Османагиќ во утринската програма на „Прва“.
Додека шетате низ тунелите, заборавате на проблемите, но и на секое зрачење од надворешниот свет. Меѓу другото, ни вашиот мобилен телефон нема сигнал.
- Најдовме шест влеза во тунелите, кои се вистинска подземна мрежа од неколку стотици километри. Турата трае еден час и вие сте заштитени од секакво зрачење додека сте внатре. Луѓето се преродуваат, забораваат на стресот и не треба да прават ништо посебно - вели најпознатиот промотер на босанските пирамиди, Семир Османагиќ.
Не ви треба посебна подготовка за да ги посетите пирамидите во Високо.
-Првиот пат кога влегувате имате придружба на водич, следниот пат самостојно ја одбирате просторијата во која ќе се одморите.
- Викендот е прекрасна идеја бидејќи за два дена можете да ги посетите најатрактивните објекти. Оваа година имавме повеќе од 100 илјади посетители. Отворени сме сите 12 месеци во годината.