Зошто сите се плашеа од рускиот брод „Москва“: Беше неверојатен, ама го потопија

Што можеше да стори моќниот воен брод „Москва“, кој Русија подготвен да „уништи се што може да ја загрози нејзината воздушна база?

Токму овој „непотоплив“ брод го потопија Украинците во Руско- Украинската војна и нанесоа голема штета на Русија бидејќи бродот беше, како што го нарекоа- Непотоплив.

 „Москва“ беше е водечки брод на Црноморската флота и истиот беше испратен во Сирија како дел од воената надградба со цел да се зајакне безбедноста на воздушната база во Латакија. Потоа беше испратен во Украина.

Рускиот Генералштаб уште поодамна имаше соопштено дека „Москва“ ќе ги покрие сите руски авиони и ќе реагира на какви било потенцијални закани.

Крстосувачот „Москва“ беше засилен со долготрајниот противвоздушен ракетен комплекс С-300М „Форт“, неговиот фонд за муниција се состоеше од 64 проектили. „Форт“ можеше да погоди цели на оддалеченост од 90 км со ракетна брзина до 2.000 м / с.

„Москва“ во суштина беше е поморска верзија на системот за воздушна одбрана со долг дострел С-300. Покрај ракетите, рускиот брод беше и вооружен со противракетни и анти-подморнички системи и торпеда.

Можеше да ја покрие целата јужна Турција па и половина Украина, но... го потопија. Еве како изгледаше: