Зошто треба да оставате тоалетна хартија во фрижидер: Генијален трик што заштедува многу напор при чистењето
Можеби млекото ви се расипало или остатоците од ручекот и храната предолго седат во фрижидер, но резултатот е ист - тешко се ослободувате од непријатниот мирис
Но, на „TikTok“ кружи генијален и едноставен трик кој гарантира дека никогаш повеќе нема да мириснете непријатни ароми кога ќе го отворите фрижидерот. Сѐ што треба да направите е да ставите едно парче тоалетна хартија во него!
Признаваме дека глетката е можеби чудна, но наводно тоалетната хартија во фрижидер ќе направи чудо – ќе ја впие влагата која инаку придонесува за појава на мувла и непријатни мириси, пишува „Парад“.
Експертите истакнуваат дека тоалетната хартија треба да ја менувате на секои три недели, а за истата намена можете да користите и сода бикарбона која се менува на секои три месеци. И двете опции сигурно го елиминираат вишокот на влага.
Ставете ја во задниот дел од фрижидерот, подалеку од работи што може да истечат, а потоа по три недели само фрлете ја и заменете ја со нова. Едноставно и евтино и никогаш повеќе нема да имате мирис на расипана храна од фрижидерот.