ЗОШТО ВО ФРИЖИДЕРОТ ИМА СВЕТЛО, А НЕМА ВО ЗАМРЗНУВАЧОТ? Одговорот ќе ве шокира!
Дали некогаш сте се запрашале зошто во фрижидерот има светилка, а во замрзнувачот нема? Одговорот е повеќе од интересен
Одговорот на ова прашање го даде професорот по економија Роберт Х. Френк од Универзитетот Корнел.
Едноставно е - причината се парите.
- Нема светлина во замрзнувачот поради односот цена-бенефит. Трошоците за инсталирање на осветлувањето во замрзнувачот остануваат фиксни, без разлика колку често го отворате замрзнувачот. Придобивката е што ќе ви биде полесно да ја пронајдете потребната храна. Но, бидејќи луѓето многу поретко го отвораат замрзнувачот од фрижидер, трошокот е далеку поголем од профитот. Затоа производителите гледаат да штедат, а од таа другата светлина се откажуваат - рече професорот.
Тој додава дека не е исклучено тоа да се промени, бидејќи производителот ќе продолжи да гледа дали пазарот е подготвен да плати за таков профит.
- Во принцип, изработката на вакви додатоци се воведува кога ќе се оцени дека пазарот е подготвен да плати. Како што расте куповната моќ, расте и веројатноста за воведување нов профит. Односот на трошоците и профитот на тој начин го покажува трендот дека потрошувачите со подлабок џеб наскоро ќе бараат светлина во замрзнувачот и дека производителите ќе им излезат во пресрет - објасни тој.