Зошто жените паѓаат на жестоки и бескомпромисни момци: Криминалците се совршени партнери
Ако го имате гледано документарецот на „Netflix“ за озлогласениот Тед Банди, „Conversations with a Killer: The Ted Bundy Tapes”, сигурно се прашувате зошто толку многу жени беа опседнати со тој човек, инаку еден од најлошите сериски убијци во историјата.
„Magazin Women's heаlth” пишува како се забележува дека многу насилни мажи и криминалци често будат интерес кај голем број жени. И тоа не се жени кои биле во врска со такви мажи пред нивните злодела да излезат на површина, па одлучиле да останат со нив, туку воглавно станува збор за жени кои слушнале за нив преку медиуми, и тоа кога судењето веќе им било во процес. Многу психолози оваа лоша состојба ја нарекуваат хибридофилија.
Овој назив се користи за сексуална склоност кон луѓе кои извршиле ужасни злосторства и главо се однесува на сериски убијци, сексуални престапници и култни лидери.
Се смета дека токму хибридофилијата стои зад односот на Тед Банди и неговата група девојки. Со оглед на тоа дека за вакви случаи се уште нека никакви студии, најголемиот дел што се знае е познат од приказни.
Професорот по форензичка психологија Луис Шлезингер вели дека често го гледа ова по примерите на машките затвореници.
„Ова многу често се случува. Во речиси секој затвор се случува женските работнички, адвокатки, терапевти или чуварки да влезат во врска со затвореници.” – изјави тој.
Постојат гласини дека дури и Банди бил во врска со една од своите адвокатки.
Се поставува прашањето што е толку привлечно кај мажите кои се многу веројатно злобни и опасни, поради што имаат завршено во затвор. Технички, хибридофобијата е сексуална привлечност, но тоа што стои позади нејзе, всушност нема ништо сексуално. Оваа сексуална привлечност е произлезена од другите карактеристики кои ги поседуваат криминалците.
„Криминалците на некој начин се совршени партнери. Тие жени цело време знаат каде е нивниот маж, а со него делат само позитивни искуства. Тоа е еден вид „сигурна” врска која можат да ја контролираат.” – објаснува Шлезингер.
Тие жени ги гледаат своите партнери само тогаш кога ќе им дојдат на посета во затворот, а тогаш тие многу добро се однесуваат. Ако не се однесуваат добро, наредната посета нема да се случи. Стручњаците објаснуваат дека и жените во такви врски не се обврзани да се справуваат со секојдневите обврски како што се чистењето и работи околу домот.
„Тука е и чувството дека сте потребни некому. Жените на криминалците им оддаваат големо внимание, а за возврат го добиваат чувството на смила кое им е потребно. Токму на овој начин, тие најчесто го собираат вниманието од своето семејство, пријателите или медиумите. Сакаат да бидат центар на вниманието, без разлика која е причината и цената за да го добијат.” – додава Шлезингер.
Голема улога игра и возбудувањето кое произлегува од контактот со озлогласените мажи, а на некои жени привлечна им е нивната доминантност или машкост на таквите луѓе. Многу сериски убијци се и одлични манипулатори, па тоа често ги прави да делуваат шармантно. Сите овие карактеристики им одговаарат на одредени жени, бидејќи им претставуваат бегство од секојдневието.
Сепак, не е сосема јасно дали жените кои се привлечени од криминалците навистина им веруваат дека се виновни за злоделата за кои се обвинети или пак ги сметаат за невини. Често се претпоставува дека овие жени во текот на својот живот поминале низ некаков вид на злоставување.