Ѕвезда на филмови за возрасни! Ова е Србин кој го освои светот на ПО*НО ИНДУСТРИЈАТА!

Милан истакнува дека отсекогаш знаел дека улогите во „возрасните“ филмови се неговиот животен повик!

Тој отишол во Америка како студент, но неговата крајна намера била сосема поинаква.

За време на разговорот во амбасадата, тој сигурно не можел да каже зошто сака да оди „преку океанот“, што била неговата желба, а единствениот фокус бил да се испроба во најголемата порно индустрија во светот.

Во неколку наврати има истакнато дека знаел „дека е роден за оваа работа“ и дека, дури и најлудите желби се остварливи. Милан, се претставува како Ланми Мајами.

Не е лесен патот до самиот врв на „индустријата за возрасни“, а овој Србин сторил сè за да му се даде можност да се испроба, но и да се препознае неговиот талент.

Тој бил упорен, а директорите уште на првото снимање сфатиле дека Ланми Мајами е родена sвезда.

Оваа работа ја работи заради пари, живее без осуда на најблиските, има целосна поддршка од семејството и пријателите, а неговите „улоги“ се многу познати.

Колку и да звучи премногу бизарно за поединци, Милан е среќен човек. Тој ги исполнил своите детски соништа од кои живее убаво и удобно, а слоганот по кој очигледно се води е: „Има работа за оној кој сака да работи“.



На својот Инстаграм профил, тој редовно објавува фотографии со светски порно sвезди со смешни коментари, ни помалку ни повеќе, туку на српски јазик!

Фото:Инстаграм/ lanmi majami.official