27 годишна девојка ја продава невиноста на аукција: Уморна сум од чекање на вистинскиот

Gia Kourtney (27) вели дека е уморна од чекање момче и дека е привлечена кон идејата и заработката од првиот секс. Таа откри дека со години го чекала „принцот на белиот коњ“, но не можела да го најде, и смета дека ова е најдобриот пристап кон нејзината моментална состојба.

За LADbible, таа вели дека повеќе би сакала да има пари отколку да ја изгуби невиноста кон некој што подоцна нема да и се допаѓа и ќе се кае што го споделила тој посебен момент со него.

„Знам дека можеби звучи сурово, но имам 27 години и во овој момент по толку долго чекање очигледно треба да бидам паметна“, рече таа. Девојката од Њујорк вели дека е одгледана во религиозно семејство, но одбива да го наметне традиционалниот пат на „училиште, колеџ, брак, а потоа семејство“.

Наместо тоа, таа го понуди своето тело на аукција на страницата „ Cinderella Escorts “. Минималната почетна понуда е 100.000 евра.

„Уморна сум да го чекам принцот на бел коњ, па го одбрав овој пат“, вели таа. Откри и како, за да може ова да биде легитимно, таа морала да добие писмо од нејзиниот гинеколог во кое потврдува дека е сè уште девица. Таа, исто така мора да се сретне со психолог, кој мора да процени дека е во исправна ментална состојба за да тргне по овој пат.

„Секако дека имам многу грижи, но пред да стапам во контакт со агенцијата, истражував сè… Јас сум возбудена кога видов што ќе произлезе од оваа можност“.


Некои жени кои ја продадоа својата невиност преку истата страница заработија до 1,1 милиони евра. Една жена од Франција дури се за вљуби во победникот на аукцијата.

27-годишната девојка вели дека таа кажала само на неколку луѓе за нејзината аукција. „Искрено, сакам луѓето да знаат дека тоа е твое тело и треба да биде ваш сопствен избор“, рече таа. „Сакам луѓето да знаат дека ова не е лесен избор, но со овој избор можам да имам слобода да патувам, што навистина сакам тоа да го направам“.

Исто така, се надева дека ќе исплати студентски заем од заработката, а можеби дури и ќе купи семеен дом.