40 години го пиел кафето со сол, а кога починал, сопругата ја разбрала вистинската причина за тоа
Тоа ме потсетува на моето детство, на малото село
каде што сум роден и каде живееле моите родители, и рекол тој на нивниот прв
состанок
Се сретнале сосема случајно една убава вечер.
Таа била исклучително нежна и кревка девојка, а тој бил обичен млад човек
кој изгледал како да се плаши да привлече премногу внимание кон себе.
Ја поканил на кафе. Таа се согласила од учтивост.
Во тоа време, никој од нив не знаел дека ќе живеат среќно некогаш.
Кога двајцата седнале во кафулето, младиот човек бил
многу возбуден. Тој се обидел да ја расположи девојката, но не знаел како да го
направи тоа на најдобар начин.
По некое време, тој одеднаш одлучил дека можеби е
подобро да си оди дома. Но, сосема неочекувано, дури и за себе, тој го повикал
келнерот и рекол: „Те молам, донеси ми сол. Сакам да го ставам во кафето“.
Луѓето што ги слушнале неговите зборови веднаш се
свртеле кон него. Сепак, не се случува секој ден некој да бара сол за во своето
кафе.
Келнерот брзо се вратил со сол, а младиот човек,
со малку заруменето лице, полека почнал да го посолува пијалакот. После некое
време, девојката собрала храброст и прашала: "Дали ова е некое твое чудно хоби?
Никогаш не сум видела некој да го посоли своето кафе".
Младиот човек ја ставил чашата на масата и рекол:
"Кога бев дете, живеевме покрај морето. Ми се допаѓаше да играм во водата, ми
се допаѓаше да ја вдишувам солената арома на морето. Сега секогаш кога пијам кафе, додавам сол. Ме
потсетува на моето детство, на малото село каде што сум роден и каде живееја моите родители “.
Неговите последни зборови ја расплакале девојката.
Таа била фасцинирана. Тогаш одлучила дека само добра личност може да чувствува
копнеж по родното село и да размислува со таква љубов кон своите родители.
По „инцидентот“ со сол, младиот човек станал
помирен, почнал да разговара повеќе и конечно се согласил да се видат повторно.
Во текот на следните неколку месеци, тие
комуницирале се повеќе и повеќе. А, девојката сфатила дека нејзиниот нов
познаник е посебна личност кој е совршена за неа: нежен, полн со љубов,
интелигентен, добар ...
И сè започнало кога го посолил кафето.
Како и секоја приказна така и оваа
завршила со свадба. Живееле среќно. Секој ден му го посолувала кафето.
Поминале 40 години. Човекот починал. По неговата
смрт, жената пронашла писмо во дневната соба. Во писмото тој ѝ напишал:
"Драга моја!
Те молам прости ми! Те молам прости ми! Те излажав
еднаш во животот - кога го посолив кафето. Дали се сеќаваш на нашата прва
средба? Бев толку возбуден што побарав сол наместо шеќер.
Не знаев како да ја сокријам својата грешка, па излажав. Почувствував дека правам нешто погрешно, но тогаш не можев да
признаам. Многупати се обидував да ти ја кажам вистината, но се плашев. Си
ветив дека откако ќе се венчаме, повеќе нема да те лажам.
Сега, кога сум мртов, не се плашам да признаам. Не
сакам кафе со сол. Ужасно е, не можам да замислам полош вкус. Но, го пиев секој
ден. И не ми е жал!
Знаев дека го направив твојот живот среќен. Кога
би можел да се вратам назад во времето, повторно би го сторил истото. Би го пиел
кафето со сол секој ден за да знам дека си до мене! “
Додека неговата сопруга го читала писмото, солзите
почнале да и течат по лицето.
Нејзините внуци еднаш ја прашале: "Бабо,
зошто пиеш кафе со сол?" „Затоа што е послатко на тој начин!“, одговорила таа.
Извор: jenata.blitz.bg
Можеби ќе ве интересира:
ПУШТИ го СЕЛОТО НЕКА ЗБОРУВА: Кој се бави со туѓ живот, не успеал во својот