5 генијални трикови за заштеда на пари! И воопшто не е тешко!
Пробајте, нема да зажалите!
Многумина мислат дека ќе може да се тргнат пари настрана, на штедна книшка само ако платата е голема. Но, тоа не е така. Постојат „мали трикови“ кои може скоро секој да ги примени, а пред се‘ тие се ефикасни.
1. Не се нервирајте кога сте зад воланот
Возач кој е нервозен вози побрзо и троши 1 до 2 литри бензин повеќе на поминати 100 километри. Просечно возило за една година поминува околу 15.000 километри. Тоа значи дека заштедата при нормално возење би ви била од 150 до 200 евра. Доволно за регистрација на автомобилот.
2. Сметките плаќајте ги навреме
Доколку ги плаќате сметките навреме, нема да плаќате камати, кои на годишно ниво може да бидат и повисоки од 1000 денари.
3. Заштедените пари чувајте ги во банка
Секој месец издвојте 5% од платата и уплатете ги средствата на штедна книшка. Ако платата ви е 40.000 денари, околу 2.000 месечно издвојте за штедна книшка. На годишно ниво ќе заштедите 24.000 денари.
4. Штедете на струја
Доколку користите струја на евтина тарифа, тоа ќе ви ја намали сметката.
5. На работа доручек и ужинка носете си од дома
На брза храна дневно во просек се трошат околу 100 денари. За 22 работни денови, тоа е околу 2.200 денари, а на годишно ниво околу 26.400 денари. Доколку носите доручек на работа кој сте го подготвиле дома, ќе заштедите половина од овие пари.
Применувајте ги овие правила и на годишно ниво ќе заштедите солидна количина на пари. Доволно за еден летен одмор, или за зимување.
Можеби ќе ве интересира:
Дајте му пари на вашиот сопруг и гледајте како се претвора во идиот: Искуства на жени кои им давале пари на сопрузите