7 Прашања кои немаат одговор!? А можеби вие ќе го дадете...
1. Ако Марс би имал земјотрес, дали ќе го наречеме Марсотрес?
2. Кога молњите го погодуваат океанот, дали рибите внатре умираат?
3. Дали можеме да плачете под вода?
4. Зошто имаме светлина во фрижидер, но не и во замрзнувачот?
Е за ова најдовме одговор:
Дали некогаш сте се запрашале зошто во фрижидерот има светилка, а во замрзнувачот нема? Одговорот е повеќе од интересен
Одговорот на ова прашање го даде професорот по економија Роберт Х. Френк од Универзитетот Корнел.
Едноставно е - причината се парите.
- Нема светлина во замрзнувачот поради односот цена-бенефит. Трошоците за инсталирање на осветлувањето во замрзнувачот остануваат фиксни, без разлика колку често го отворате замрзнувачот. Придобивката е што ќе ви биде полесно да ја пронајдете потребната храна. Но, бидејќи луѓето многу поретко го отвораат замрзнувачот од фрижидер, трошокот е далеку поголем од профитот. Затоа производителите гледаат да штедат, а од таа другата светлина се откажуваат - рече професорот.
Тој додава дека не е исклучено тоа да се промени, бидејќи производителот ќе продолжи да гледа дали пазарот е подготвен да плати за таков профит.
- Во принцип, изработката на вакви додатоци се воведува кога ќе се оцени дека пазарот е подготвен да плати. Како што расте куповната моќ, расте и веројатноста за воведување нов профит. Односот на трошоците и профитот на тој начин го покажува трендот дека потрошувачите со подлабок џеб наскоро ќе бараат светлина во замрзнувачот и дека производителите ќе им излезат во пресрет - објасни тој.
Еве ги другите прашања за кои немаме одговор...5. Може ли исечениот круг да стане квадрат?
6. Дали ги сметате веѓите за влакна на лицето?
7. Зошто луѓето имаат тенденција да ги стискаат копчињата на далечинскиот управувач кога батеријата е празна?
Ако имате свои теории, со задоволство ќе ги слушнеме во коментарите.