Ако ја сакаш, не чиниш: Побарала развод зошто мажот многу ја сакал
Во светот се случуваат секакви нешта. И веќе ништо не треба да не чуди!
Една жена од Обединетите Арапски Емирати побарала развод од нејзиниот сопруг заради огромната љубов, грижа и вниманието што и го давал.
Тој и помагал на својата сопруга со домашни работи, готвел и чистел, но оваа жена започнала да се гуши, па решила да се разведе. Секоја жена би сакала ваков сопруг, но се чини дека оваа примила премногу внимание и љубов.
Таа пред судијата Фуџарах Шарија изјави дека сопругот никогаш не се карал со неа, а камо ли да ја расплака, пренесува „Калеј Тајмс“.
„Никогаш не го повиши тонот кон мене, ниту ме одбиваше. Чувствував дека неговата огромна љубов ме задушува. Тој дури и ми помогна да ја исчистам целата куќа“, рече оваа жена.
Објасни дека нејзиниот живот се претворил во пекол заради неговата прекумерна љубезност.
„Очекував да се карам некогаш, но со мојот романтичен сопруг тоа е невозможно. Тој секогаш ќе ми простуваше и ќе ме облеваше со подароци“, додава таа.
Мажот мисли дека не сторил ништо лошо: „Сакав да бидам совршен и внимателен сопруг“, изјави тој.
За да и биде убав напорно вежбал па дури и си ја скршил ногата.
Мажот на крајот побарал од судот да ја советува сопругата да се разведе, а судот го одложил случајот за да им даде на сопружниците можност за помирување.