Александар се напил и паднал во шахта: Останал во канализација да живее 15 години, а неговата приказна ќе ви го скрши срцето

Зборува бавно, како да преживеал мозочен удар.

Необична приказна е снимена во градот Тољати, во областа Самара, а таа раскажува за бездомникот Александар.

„Човекот крт“, како што го нарекуваат медиумите, го забележал рускиот блогер Антон Глечеров, кој решил да го дознае неговото минато и да му помогне.

Блогерот истакнал дека Александар не мириса на алкохол, туку дека зборува полека, како да преживеал мозочен удар, пренесува The Sun.


Неговиот соговорник објаснил дека пред 15 години пијан паднал во шахта, откако сопругата се развела од него.

Бидејќи немал каде да живее, останал во канализацијата, па блогерот решил да му го побара семејството.

Потоа открил дека Александар има блиски роднини во Тољати, па дури и во Москва, кои верувале дека тој во меѓувреме починал.

Му ветија дека ќе дојдат да го земат, но никогаш не се појавија, ниту пак одговорија на повеќе повици.

Блогерот се обидува да му најде место на Александар во прифатилиште за бездомници, додека несреќниот маж истакнува дека е подготвен да работи за да има нормален живот.

Фото: Freepik.com/
Извор: Telegraf.rs