Америка со вонредно соопштение: Синот на Осама бин Ладен е пронајден мртов
САД неофицијално доби податоци дека синот на Осама бин Ладен и потенцијален наследник на терористичкиот трон, Хамза бин Ладен е мртов.
Се уште не е јасно дали САД има некаква улога во смртта на
Хамза бин Ладен, ниту дали неговата смрт е официјално потврдена. Никакви други
детали не се обелоденети, ниту пак се знае каде Хамза бин Ладен починал.
Во март, Стејт департментот објави дека ќе даде награда од милиони долари за информација која ќе им помогне за да го уапсат Хамза бин Ладен.
Според американски извори, Хамза имал радикални џихадистички амбиции, исто како и неговиот татко Осама, кој беше лидер на Ал Каеда и човекот кој ги организираше терористичките напади на 11 септември. Хамза бин Ладен има објавено видео и аудио снимки, преку кои ги повикува неговите следбеници да го нападнат САД и западните сојузници исто така, тој се закануваше дека ќе го нападне САД како одмазда за смртта на својот татко.