Американец тестира чипови од автомобил на сопствена кожа: Вградил клучеви од куќа и кола во рацете, ова е неговото искуство

Американец, сопственик на автомобил Tesla, неодамна се одлучил на необичен потег – го вградил клучот од автомобилот под кожата.

Брендон Делали објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како чипот е вграден во неговата десна рака и потоа го користи за отклучување на возилото, а објавил и како изгледа оваа необична процедура.

- Сега го користам како клуч кога ќе ми се расипе клучот за блутут или немам картичка – напиша Делали.

Овој малку бизарен чин е овозможен со чип кој работи на истиот принцип како и бесконтактните платежни картички, а Делали е дел од групата од 100 луѓе кои сè уште ги тестираат овие чипови, пред да бидат достапни за пошироката јавност.


- Компанијата што го состави ова буквално има своја продавница за апликации каде што можете безжично да инсталирате апликации во вашето тело користејќи ги овие чипови. А една од апликациите беше само клуч-картичка на Tesla. Тоа беше првата апликација што ја инсталирав на неа бидејќи имам Tesla“, рече тој.

Сопствениците на Tesla кои не се подготвени за такви радикални потези обично ги отвораат своите возила со клуч – картичка или апликација за мобилен телефон, но Делали, кој е голем љубител на технологијата, вели дека веќе има чип во левата рака што содржи „клучеви“ од неговата куќа, неговата контакт картичка, како и потврда за вакцинација против корона вирусот.

- Целата идеја беше да го имам клучот од куќата во левата рака, а клучот од автомобилот во десната – рече тој.

Фото: Принтскрин
Извор: www.sd.rs