Анахрона технологија: “57 загинати во страотната железничка, а Грција секогаш ќе биде бавна, анахрона, рѓосана и одвратна“

Анахронична технологија

Условите во Организацијата на железници Грција се неодржливи, грчкиот весник Нафтемборики распали:

„Во ерата на беспилотни летала, сателити, интернет, дигитализација, вештачка интелигенција, роботика и НЛО балони, ОСЕ не забележа дека два воза забрзано се движеле кон директен судир. ... Во ерата на дигитализацијата на јавниот сектор, ОСЕ инсистира рачно да ги регулира железничките услуги на две линии. Во ерата на е-книги, паметни телефони, таблети, електронски потписи, телематика и далечинско работење, раководителите на станиците на ОСЕ водат рачни дневници. Ова е модерната ОСЕ, тоа се модерните инвеститори, грчката држава, која колку и да е модернизирана, секогаш ќе биде бавна, анахрона, рѓосана и одвратна“.

Страотната железничката несреќа се случи ноќта помеѓу 28 февруари и 1 март, кога патнички и товарен воз се судија во месноста Темпи кај градот Лариса бидејќи возеле по иста пруга во спротивна насока. Во рамки на истрага беше уапсен свртничарот од станицата во Лариса кој, како што објавија грчките медиуми, ја признал фаталната грешка дека упатил еден од возовите во погрешна пруга.

Бројот на потврдени лица што загинале во железничката несреќа кај Лариса изнесува 57. Досега се идентификувани 24 од жртвите и нивните тела се предаваат на семејства.

Четириесет и осум патници, пак, се хоспитализирани, а 56 се пријавени за исчезнати во грчката полиција. Спасувачките екипи денеска ќе ја продолжат потрагата, која според националната телевизија ЕРТ се очекува да заврши денеска.

Потрагата и подигање на остатоците од возот траеше до доцна синоќа, а денеска напорите на спасувачите се насочени кон третиот вагон.

Илјадници луѓе протестираат во Солун и Атина.