Антивампирска опрема за повеќе од 15.000 евра: Ја поседувал аристократ од највисок ред
Ако ви пречат вештерки, вампири или гоблини, ако окултизмот е ваша работа или само сакате да започнете нова кариера, тогаш ова е дефинитивно за вас...
Пред извесно време на аукција се појави вистинска опрема за убивање вампири од деветнаесеттиот век. Овој чуден сет е пронајден во Велика Британија и се вели дека му припаѓал на благородник од таа ера, лордот Вилијам Малколм Хејли. Прекрасниот комплет е опремен со сите неопходни работи за борба со силите на темнината, како што се пиштоли, распетие, света вода и дрвени колци.
Кутијата за патување што може да се заклучува содржи распетие, идентичен пар пиштоли, буриња барут обложени со месинг, готска Библија, дрвен чекан, кол, месингани свеќници, бројаници и документација од тој период издадена од Митрополитот. Коментирајќи ги овие чудни предмети, Чарлс Хансон, сопственик на Hansons Auctioneers, кој го продаде комплетот, рече: „Без разлика дали преку страв или фасцинација, многу е интересно да се види дека во тоа време, член на највисоката аристократска класа на општеството, човек со место во Домот на лордовите, може да поседува ваков сет. Ова е остар потсетник дека митовите за вампири влијаеле на луѓето од сите сфери на животот“
„Задачата за убивање вампири беше исклучително сериозна работа и историските записи сугерираат дека за тоа имало специфични методи и специјални алатки. Предметите од религиозно значење, како што се распетието и Библиите, се вели дека се добри за отфрлање на овие суштества, така што нивното присуство е задолжително во оваа опрема“, додаде сопственикот на аукциската куќа.
Листата на Hansons Auctioneers вели: „Верувањето во вампири, немртви суштества на кои им е потребна човечка крв за да преживеат, датира илјадници години и опстојува дури и денес во некои делови од светот“. Комплетот за убивање вампир привлече луѓе од целиот свет, вклучувајќи ги Франција, САД и Канада, но на крајот беше продаден на неименуван понудувач од островот за нешто повеќе од 15.400 евра.