Автомобилот на Новак Ѓоковиќ: Како вселенски брод, а производителот најпознат

Новак Ѓоковиќ има широки интереси, познато е дека истражува многу од областа на исхраната, историјата, дека е голем љубител на природата, медитацијата и дека го проширува својот опсег на знаења и се подобрува од ден на ден.

Исто така, тенисерот е обожавател на генијот Никола Тесла, личноста од која најмногу се воодушевува.

Затоа, не е изненадување што Новак е сопственик на еден од електричните модели на компанијата Тесла, која е основана и инспирирана од истражувањата и откритијата на големиот научник.

Автомобилите на Tesla користат електрични мотори, па затоа не ја загадуваат природната средина, што е само дополнителен плус за Новак, како љубител на природата.

Ѓоковиќ е горд сопственик на моделот Тесла Х, чиј опсег на цени се движи од 95.000 евра за основната верзија до 110.000 евра за модели кои имаат подобрени перформанси и компоненти.

Автомобилот на Новак има и неверојатни перформанси на моторот.

Има дури 1.020 коњски сили, забрзува до 100 км на час за неверојатни 2,5 секунди. Максималната брзина е 210 километри на час, бидејќи Tesla X не е наменет како спортски модел, туку семеен автомобил.

Сепак, заради атрактивниот дизајн, моќниот мотор и необичниот механизам за отворање на задната врата, овој автомобил на многумина од одредена перспектива им изгледа како „бетмобил“ од филмовите за Бетмен.

Погледнете сами како изгледаат фотографиите од автомобилот Тесла Х, управуван од Новак Ѓоковиќ.

Извор: Telegraf