БЕРЛУСКОНИ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19: Еве каде се заразил поранешниот премиер на Италија
Силвио Берлускони, лидерот и сопственик на
партијата „Форца Италија“, поранешниот италијански премиер, е позитивен на коронавирус,
објави неговиот личен лекар Албето Зангрлио, а веста ја пренесоа сите
италијански медиуми.
Според лекарот, Берлускони е асимптоматски, тој е
во неговата вила во Милано и ќе остане таму 14 дена во карантин.
Додека пандемијата беше во полн ек, Силвио
Берлускони беше во својата куќа во Ница, Франција, а потоа дел од својот одмор
го помина на Сардинија, каде се дружеше со Флавија Бриајторе, сопственик на
дискотеката „Милионер“ од Сардинија, омилено место на ексклузивни гости. Според
медиумите во Италија, токму таму поранешниот премиер на Италија се заразил.
Бриајторе, кој најави дека ќе ја тужи владата за
најавата за затворање дискотеки, беше заразен како повеќето од неговите
вработени, но и голем број гости.
Инаку, Силвио Берлускони во текот на
овој месец ќе наполни 84 години, со оваа возраст тој се наоѓа во
високоризичната категорија.
Фото: EPA
Можеби ќе ве интересира:
Од оргии, преку политика, до младо месо: Силвио Берлускони со нова девојка