Од оргии, преку политика, до младо месо: Силвио Берлускони со нова девојка
Овој човек е сам по себе скандалозен. Од оргии, преку политика, па се до љубовни врски со млади девојки.
Поранешниот политичар и милионер Силвио Берлускони (83) го „уловија“ како се шета со новата девојка фатени за раце во сончевата Сардинија, каде што тој има летна резиденција на Коста Смералда, пренесува италијанскиот Vanity Fair.
Со ова, се потврдија гласините дека Силвио е во врска со русокосата Марта Фаскана.
Новата избраничка на Берлускони, Фаскана, му е партиска колешка од Форца Италија и покрај политичките верувања, тие споделуваат и љубов кон фудбалот. И двајцата се страствени навивачи на Милан, и се познаваа уште од времето кога Марта работела за славниот фудбалски клуб, а Берлускони во тоа време бил претседател на Милан.
Тие биле фотографирани заедно и пред неколку месеци во Швајцарија, предизвикувајќи гласини за новата љубов на 83-годишниот љубител на далеку помлади девојки.
Многу брзо, неговиот ПР тим објави дека тој ја прекинал врската со Франческа Паскале (35), што траеше 10 години.