Беше Мис на Југославија, падна во депресија и се самоуби
Во далечната 1966 година, цела Југославија зборуваше за тоа дека една југословенка ја однесе титулата на една од најубавите на Изборот за Мис на свет во Лондон. Таа девојка беше Никица Мариновиќ од Дуборвник, која на овој натпревар замина како првата претставничка на тогашната СФРЈ и стана прва придружничка, пишува белградски „Пулс онлајн“.
Во времето кога се организираше изборот за Мис на Југославија, женскиот неделник „Базар“ го организираше изборот. Но, главната уредничка не била задоволна со пријавените кандидатки и тргнала во потрага по анонимни девојки. Ја сретнала Никица, тогаш уште малолетна ученичка која едвај успеала да ги наговори конзервативните родители да учествува на натпреварот.
Таа долго се срамела да облече бикини, и едвај попуштила откако на неа влијаеле организаторите. Во тоа време, се пишуваше дека победата ѝ избегала затоа што била дојдена од комунистичка земја. Мис на светот во 1966 година стана Мис на Индија, наводно, поради тоа што веднаш била подготвена да оди во посета на американските војници во Виетнам.
Откако стана прва придружничка на светскиот избор, Никица се преселила во Белград, се омажила за Вук Вучо и го родила синот Ѓорѓе. Тој брак траел пет години, а по разводот Никица се омажила за познатиот режисер Здравко Шотра. Од тој брак го имааат синот Марко. И таа љубов се завршила во 1980 година.
Никица потоа отворила бутик во центарот на Белград и многу луѓе доаѓале само за да ја видат. Се зборувало дека се бори со депресија, дека често посетува психијатри, па сосема се повлекла и била многу осамена.
Последните денови од животот, Никица ги поминала далеку од очите на јавноста, а ги прекинала и контактите со најблсиките пријатели. Во ноември во 2008 година, Никица повторно се најде на насловните страници. Нејзиниот живот трагично заврши откако испи смртоносна доза апчиња за спиење. Зад себе не остави проштално писмо. Имаше 61 година.