Беше во врска со најзгодните фраери, а тврди дека не е геј: Моментално е со 45 години помладо момче кое го нарекуват „спонзор“

Познатиот дизајнер Келвин Клајн зад себе има бурен љубовен живот, по два неуспешни брака со жени, се одлучи за мажи.

Познатиот моден дизајнер Келвин Клајн е роден во 1942 година во Бронкс, Њујорк, познат е пред се по одличните колекции на женска и машка облека, фармерки, козметика и парфеми, но и по други корисни предмети, како постелнина и часовници, со негов потпис. 

Покрај тоа што е врвен дизајнер кој стекна огромна слава и популарност и го направи својот бренд еден од водечките, тој привлече големо внимание и со својот љубовен живот.

Познато е дека дизајнерот во последните 10 години ужива во романтични врски со помлади мажи, меѓутоа, пред да се впушти во авантура со мажи, Келвин бил со жени.

Имено, зад себе има два брака. За прв пат се ожени во 1964 година со дизајнерката Џејн Центар, со која доби ќерка. По 10 години брак, парот се развел.

По разводот, дизајнерот се ожени со својата асистентка Кели Ректор, со која се разведе во 2006 година. Тогаш Келвин сфатил дека всушност го интересираат мажите и решил да проба каков љубовен живот ќе има со истиот пол.

Ја започна својата прва врска со маж со по*но ѕвездата Ник Грубер, со кој раскина во 2012 година. Двојката беше во хармонична врска 2 години. Инаку, Ник е 48 години помлад од него.

По разделбата со Нико, дизајнерот изјавил дека не е геј.

„Јас не сум геј, но не верувам во етикетирање, верувам во љубов“, истакна тој и додаде дека Ник е првиот човек во кој се заљубил, но дека може да има и жена и маж ако сака.

Протекоа и информации дека Ник се борел со зависноста од дрога, но дека Келвин ги плаќал трошоците за неговото лекување.

Тој се појави во јавноста со своето 45 години помладо момче Кевин Бејкер во 2016 година на модна ревија.

Двојката беше видена и на заеднички одмор во 2017 година. Одат секаде заедно и не се разделуваат. 

Момчето на дизајнерот Кевин многумина го прозиваат, обвинувајќи го дека е „спонзор“. 

Келвин не сака да зборува за својот љубовен живот, а деталите од врската со младиот Кевин не се толку познати. Сепак, тие се обидуваат да го поминат секој момент заедно, додека папараците успеаја да ги овековечат нивните заеднички моменти.


Фото: Профимедиа/pinterest