Бил во тоалет, а потоа здогледал нешто страшно: Во следниот момент насекаде имало крв (ФОТО)
Тинејџер бил итно пренесен во болница откако
питон го гризнал за пенисот додека седел на тоалетот во неговиот дом во
Тајланд.
Ширапоп Машукарат, кој има 18 години, бил во
тоалетот во вторникот вечерта, кога почувствувал ненадејна болка. Тинејџерот
погледнал надолу и видел питон го гризнал со стегнати вилици околу пенисот. Крв
имало низ целиот тоалет.
Сепак, питонот брзо го запрел нападот и младиот
човек врескал од болка и истрчал од WC-то барајќи
помош. Сето тоа се случило во Тајланд во градот Нонтабури, на околу 20
километри од Бангкок.
Младиот човек во куќата бил со неговата мајка,
која го смирувала тинејџерот се додека не пристигнал болничар кој го однел
Ширапоп во блиската болница во Банг Џаи.
Лекарите морале да ги лекуваат раните со
антибиотици, а тинејџерот сега има три конци на местото на каснувањето.
„Бев во тоалетот, по неколку моменти откако
седнав, одеднаш почувствував болка во пенисот. Погледнав и видов дека има
змија. Таа не беше многу голема, но нејзиниот залак беше толку силен. Се
надевам дека ќе се опоравам “, изјави Ширапоп.
Вработените од службата за диви животни
пристигнале на местото и започнале потрага по питонот. Змијата сеуште била во
тоалетот.
Без никаков проблем го фатиле питонот, кој бил
долг околу два метра, и го пуштиле назад во шумата.
Thai man is bitten on the penis by a python while sitting on the toilet https://t.co/Xv41VCIVhE
Исплашената мајка на Ширапоп, Супатат, изјави дека
се уште е во шок поради инцидентот.
„Не знам како змијата влезе во мојата куќа. Можеби
можела да влезе преку цевките поврзани со тоалетот. Змијата го повреди мојот
син, но ми олесна бидејќи на крајот сè помина добро и тоа беше само неотровен
питон. Да беше кобра, можеби мојот син сега ќе беше мртов “, изјави мајката на
младиот човек.
Таа додаде дека Ширапоп сега секогаш ќе биде
исплашена кога ќе оди во тоалет, но и дека е благодарна што нејзиниот син успешно
се опоравува, а змијата е фатена и вратена во природата.
Фото: Твитер
Можеби ќе ве интересира:
КАДЕ И ЦАРОТ ОДИ ПЕШКИ: Што користеле луѓето пред појавата на тоалетната хартија?