Бизарната статуа на Меланија Трамп со која се потсмеваа и ја запалија, сега е изработена од бронза

Статуа од бронза од прва дама на САД, Меланија Трамп, во природна големина беше откриена среде поле покрај нејзиното родно место во Севница, заменувајќи ја дрвената статуа што претходно била подигната таму, но била запалена и уништена во јули.

Дрвена скулптура на Меланија Трамп беше запалена ноќта на 4 јули, денот кога Американците го слават Денот на независноста.

Новата бронзена статуа е поставена на дрвен столб висок 2,8 метри, но поради грубите црти на лицето, Меланија и овој пат е непрепознатлива. Имено, тоа е копија на првата статуа но овој пат направена со леење на бронза.

Статуата на Меланија Трамп во нејзиниот роден град веднаш стана потсмев: „Плашилото“

До статуата е поставена плакета со натпис: „Оваа статуа е посветена на вечното сеќавање на споменикот на Меланија што стоеше на истото место“.

Инаку, оригиналната дрвена статуа во природна големина, нарачана од американскиот идеен уметник од Берлин Бред Дауни, беше издлабена со моторна пила од занаетчијата и локален уметник Алеш Зупевц.

Статуата ја прикажуваше американска прва дама со словенечко потекло во син фустан со крената лева рака, како да мавта. Така, беше имитирана поза од инаугурацијата на нејзиниот сопруг во 2017 година. Некои го нарекоа ова уметничко дело „птичјо страшило“ поради природата во која е сместено.

Изработката на бронзената „карикатура“ уште еднаш беше нарачана од Дауни, кој објасни дека сака да постави „не-споменик, контра-пропаганда“.

Тој за Франс прес изјави дека сака да ја критикува политиката на станарите во Белата куќа и да потсети дека сопругата на Трамп, родена како Меланија Кнавс во Југославија, е всушност имигрант.

Сите присутни на откривањето на втората статуа можеа да уживаат во тортата именувана по Меланија, која се произведува во пекара во Севница.