Бизарни обичаи: Невестата морала да има секс со сите мажи на свадбата
Низ историјата се практикувале многу необични обичаи, кои денес се целосно незамисливи. Девојките биле подготвени за драстични потези за да прикријат дека не се девици, а некои дури и отишле дотаму што ги шиеле гениталиите, пишува порталот Best Top News.
Лажна невиност
Девојките ја лажирале својата девственост со сунѓери натопени во крв, а користеле и крв од мочен меур од риби. Лажната невиност беше доста честа појава во Европа во текот на 19 век.
Секс на свадба
Во Француска Полинезија, на островите Маркас, вообичаено беше невестата да спие со сите мажи кои беа поканети на нејзината свадба, а прв во редот беше најстариот човек, а не зетот.
Право на девственост
Во Европа, имаше и право на свадбената ноќ, но во некои документи се посочува дека ова право не било остварено. Имено, стануваше збор за тоа дека благородниците можеле да легнат со невината невеста пред тоа да го стори сопругот. Имаше начин селанецот да ја спаси невиноста на неговата девица со плаќање данок.
Плаќаат за невиност
Невиноста требаше да се плати во некои земји во светот, а во африканската земја Бенин, мајката на невестата ветува дека ќе ја плати доколку остане невина до нејзината прва свадба ноќ. За да ги добие парите, невестата треба да докаже дека била навистина невина, покажувајќи ѝ ги на нејзината мајка крвавите чаршави следното утро. Овој обичај широко се практикувал во историјата, не само во Африка, туку и во Европа, така што не е изненадувачки што девојките биле спремни да лажат дека се невини за да добијат пари, поточно мираз и почит.