БЛУДИЛИШТА - ЈАВНИТЕ КУЌИ ВО СКОПЈЕ
БЛУДИЛИШТА - ЈАВНИТЕ КУЌИ ВО СКОПЈЕ - 1926 Во Скопје во 1926 година постоеле 23 јавни куќи, меѓу народот познати и како Блудилишта.
Од вкупниот број Блудилишта дваесетина биле во Центарот на градот. Дел од старите скопјани, по третата чашка и со видна возбуда, во периодот по земјотресно Скопје раскажувааа дека јавните куќи биле дел од кафеаните: "Босфор" , "Централ", "Босна", "Српска Круна", "Загреб", "Америка", "Космај", "Бачка", "Бела кафана", "Империјал", "Деви Хан", "Јанче Хан" и " Брзи воз".
Меѓу најпосетените скопски јавни куќи биле „Деви Хан“ и Брзи воз“. Најевтини биле „Бела кафана“ и „Империјал“, а најатрактивни „Српска Круна“ и „Америка“. ...
За оние, пак, кои не пребирале многу-многу, во секое време било подотворено портулето од дворот до колибата на "Баба Дудунка"- подводаџика од "Ќириш-Хаане"- старата фабрика за туткал - (с.с Скопски белешки)