Забава // Занимливости
Бомбакис со среќни вести за Велигден: Честитки доаѓаат од сите страни, Бисера најсреќна
- 22 Април, 2025 16:00

Среќни вести за Велигден доаѓаат од семејството на познатиот Кристијан Станковски во јавноста познат како Бомбакис.
Преку видео на социјалните мрежи, заедно со сопругата и ќерката Бисера споделија убави вести.
Имено, во семејството на Бомбакис доаѓа четврт член. Семејството се проширува, а радоста со родителите ја дели и малата Бисера која се роди на крајот на декември 2023.
„3+1=4“ - напишаа Бомбакис и Вики покрај видеото кое го споделија на социјалните мрежи, а честитките веднаш почнаа да се редат.
Инаку, Бисера често ја гледаме на социјалните мрежи преку видеата споделени на истите.