Бремената сопруга ја избркал од дома: Што би направиле вие да сте на негово место?
Овој маж верувал дека тој и неговата сопруга биле на иста бранова должина кога се во прашање децата и семејство...
Кога станува збор за љубовните односи, секој пар има некој свој план како го замислува семејството и иднината, а тоа често се однесува и на бројот на деца кои сакаат да ги имаат.
И овој маж верувал дека тој и неговата сопруга се на иста бранова должина за ова прашање. Но, неодамна открил дека жена му се предомислила за бројот на деца во нивното семејство, а тоа го одлучила зад неговиот грб.
Во пораката која ја објавив на Редит, анонимниот 34 - годишен маж напишал дека неговата сопруга против неговите желби останала бремена со трето дете, пренесува Мирор.
Мажот објаснил дека сака да има само едно дете, но сопругата, која е едно дете, не се сложила со тоа и инсистирала нивното дете да има сестра или брат. Поради тоа заеднички се сложиле да имаат две деца, но не повеќе од тоа, за да може да им останат доволно пари за повремени патувања и заеднички излети.
„Дојдов дома од работа додека децата беа кај баба им и дедо им. Сопругата со голема насмевка ми покажа позитивен тест за бременост, танцувајќи од радост. Забележи дека изразот на моето лице не е толку воодушевувачки и почна да вика по мене. Ме обвини дека не ја поддржувам, дека секое дете е Божјо чудо и дека би требало да бидам благодарен. И кажав дека ми е жал, ја прегрнав и изјавив дека сум воодушевен поради приновата“ - раскажа овој маж.
Кога сопругата започнала да ја споделува среќната вест со другите, станал сомничав, бидејќи му делувало дека веќе долго време ја планира бременоста. Затоа одлучил малку да го истражи сето ова.
„Успеав да го отклучам мобилниот телефон. Ги погледнав нејзините пораки и пронајдов една каде со допишувала со нејзината најдобра пријателка. Мојата сопруга ѝ се пожалила дека никако не може да ме „опамети“, а пријателката и кажала дека ќе ѝ помогне. Сопругата се сложила со тоа и кажала дека повеќе нема да зима таблети за контрацепција“ - откри тој.
Тврди дека се скарале, но сопругата инсистирала дека бременоста е нејзин избор без оглед на тоа дали зимала или не таблети и дека доколку тој не сака повеќе деца, би требало да оди на вазектомија. На крајот мажот ја исфрлил сопругата од дома и таа заминала кај своите родители. Авторот на објавата тврди дека поради пандемијата сопругата се вратила дома за да не биде одделена од децата.
„Што да правам? Седењето дома со неа за мене беше доволно ужасен и не знам дали поради сето ова би требало да ја оставам. Повеќе не ѝ верувам. Во потполност ме разочара. Бесен сум, но на пат е уште едно мое дете“ - заклучи тој, барајќи совет.
Неговата објава стана вирална, а на неа коментирале повеќе од 1.000 луѓе, кои обично го советувале да се разведе.
Што мислите вие, што би требало да направи?