БРЗАТА РЕАКЦИЈА НА НИКОБ СПРЕЧИЛА ПОГОЛЕМ ИНЦИДЕНТ: Детали од вчерашниот грабеж на банката
- 09 Март, 2022
Брзата реакцијана НИКОБ обезбедувањето помогнало во разоткривањето на сторителите на грабежот на банка воцентарот на Скопје, што се случи вчера попладнето.
Од компанијата велат дека преку специјалниот сигурносен систем за набљудување и алармирање, обезбедувањето на НИКОБ во банката ги алармирале мобилните патроли кои пристигнале за една минута и биле преземени низа оперативно безбедносни мерки.
Патролниот работник на НИКОБ ги забележал вооружените крадци како го напуштаат објектот и се дале во бегство. Обезбедувањто на НИКОБ било упорно во намерата да ги разоткрие сторителите, но кон него биле истрелани куршуми.
Се додава дека во понатамошниот дел од настанот, НИКОБ во размена на информации со МВР помогнале во расветлување на кривичниот настан.