Човекот кој најмногу патуваше во историјата на човештвото: Има 97 години, 10 пати ја обиколи земјината топка и повторно се спрема за пат
Човекот кој најмногу патуваше во историјата на човештвото е Дејвид Атенборо (97)
Само за емисијата „Животот на птиците“ десет пати ја преминал земјината топка. Неговите емисии „Planet Earth II“ и „Planet Earth“ се највисоко оценетите телевизиски емисии на сите времиња (според IMDB 9,5 и 9,4). Тој е единствениот човек кој има освоено награда БАФТА за програма во црно-бела боја, HD, 3D и 4k.
Кога во 1952 година почнал да работи во Би-Би-Си, немал телевизор.
Дејвид го држи и рекордот на Инстаграм. Тој отвори профил на Инстаграм во обид да ја подигне свеста за борбата против климатските промени.
Кога ја објави првата слика, милион луѓе го лајкнаа за само четири часа. Дејвид не ја губи вербата во младата генерација и во нивната борба за зачувување на планетата.
Нема намера да застане. Тој се уште работи и (да даде Господ) во мај ќе го прослави својот 98 роденден. Повторно вели дека се спрема за на пат, но не открива каде.