Човекот кој помодре поради суплементи на база на сребро

Еден човек со прекар „Големиот Штрумф“ преку ноќ стана вистинска интернет сензација откако целосно помодре...

Цела деценија, Пол Карсон само-лекуваше дерматитис со консумирање мешавина од различни соединенија на сребро, редовно внесувајќи сребрена вода, додека втриваше колоиден раствор од сребро во кожата за да се обиде да излечи синузитис, дерматитис и рефлукс и киселина.

Како што тврдел овој човек од Вашингтон, неговата киселина и артритис биле целосно излечени со помош на овие препарати, додека среброто е докажано дека поседува антибактериски карактеристики кои луѓето ги користеле за борба против инфекциите илјадници години. Меѓутоа, кога во 1930-тите беше развиен далеку поефективниот пеницилин, веќе немаше потреба од такви додатоци на база на сребро.

Овој несреќен човек потполно помодрел, а кога го добил прекарот кој го носел до крајот на животот, Големиот Штрумф, неговата сопруга не можела да се помири со тоа: „Ова е прекар кој никогаш не можел да го цени, но и тоа зависело од тој што го изговарал“, вели неговата сопруга.

„Доколку дете притрчаше до него и го нарече „Големиот Штрумф“, тоа ќе му донесеше насмевка на лицето, но ако возрасен го каже тоа, ќе има сосема поинаков ефект“. Луѓето го гледаа и прашуваа што стави на лицето“.

„Луѓето веруваа дека има некаква камуфлажна шминка на лицето или нешто слично, а неговата кожа е многу светла, исто како мојата“, вели сопругата.

За жал, само една година по неговото прво појавување во шоуто на NBC, Пол откри дека неговиот личен живот незапирливо се движи надолу. Неколку години подоцна, Пол разви проблеми со срцето и рак на простата, што по масовниот мозочен удар на крајот придонесе за неговата смрт.