Д-р Фаучи: Вакцина против коронавирус во ноември, а можеби и порано

Директорот на американскиот национален институт за алергии и заразни болести, Ентони Фаучи изјави дека вакцината против коронавирусот може да биде достапна во октомври, но дека шансите се поголеми дека ќе се случи еден месец подоцна.

Тој пред новинарите изјави дека е сосема разбирливо лекот против Ковид- 19 да биде одобрен во октомври, објави „Гардијан“.

„Најверојатно во ноември, но постои можност тој да биде порано“, додаде Фаучи.

Ваквите вести би можеле да дојдат во моментот на претседателските избори во САД, кои со нетрпение ги чекаат.

Патем, третата фаза од клиничкото испитување на вакцината против коронавирусот во САД започна денес во Националниот институт за здравство (NIH).

Повеќе од 650.000 луѓе низ светот починале, додека повеќе од 16 милиони се заразени со коронавирус, откако Кина ги објави првите случаи на оваа болест во декември 2019 година.