Дали им е важна големината? Перфектните женски гради во фантазијата на мажите изгледаат вака

Познатиот медицински експерт Патрик Малучи се појави на Меѓународниот симпозиум за женски гради каде го презентираше своето истражување за компјутерски програми.

Пластичниот хирург нацртал една линија на градите во висина на брадавиците, а другите две на горниот и долниот раб на градниот кош и токму со нивна употреба утврдил што е пресудно за убавината на градите.

Како што пишува „Дејли мејл“, Патрик искористил 100 фотографии од голи гради објавени во британскиот магазин Сан, а секоја од дамите на сликата морала да има природни гради.


Врз основа на фотографии и мерења, британскиот естетски хирург го заклучил следново: градите се убави кога 45 проценти од волуменот се над линијата што е на ниво со брадавиците, а 55 проценти подолу. Исто така, кај совршените гради, брадавиците треба да се насочени малку нагоре - под агол од 45 степени, додека големината воопшто не е навистина важна.