Дали мажот треба секогаш да плати на првиот состанок?
Во денешно време, веќе не се знае кој треба да плати на првиот состаноки заради постојаните дебати за еднаквоста на жените, разликата во месечните плати меѓу мажите и жените, но и машките манири.
Од една страна, секогаш ни се чини дека тоа е задача на мажот, односно дека тој треба да биде господин и барем да понуди да плати, а од друга страна, се‘ помалку и помалку жени сакаат да бидат почестени од некого.
Таа општа конфузија ја мотивираше компанијата „ Badoo “, која има 300 милиони корисници на својата онлајн платформа, да го испита овој феномен.
Истражувањето е спроведено врз 2.000 жени на возраст од 18 до 30 години, а повеќето потврдија дека повеќе сакаат сами да ја плаќаат сметката.
Дури 65 проценти од жените изјавиле дека ги напуштаат застарените правила за состаноци.
Психологот и експерт за врски, Клер Скот објасни дека жените го разбираат финансискиот притисок што традицијата им го наметнува на мажите.