Дали новите ковид мерки ги ограничуваат човековите права?

Воведувањето на „Ковид“ пасоши за движење на вакцинираните, и ограничување на тие кои не се имунизирани е се поголема реалност во Македонија. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести дадоа нови препораки кои на прв поглед донесоа бројни негодувања и критики дека го нарушуваат човековите права. Таквата екстремна оценка е можеби претерана и во овие моменти треба да се земат предвид сите расположливи мерки за спречување на рапидниот раст на новозаболени.

Според експертите за човекови права како проф. Мирјана Најчевска нема нарушување на Уставот. Во разговор со Фактор таа вели дека достапноста на вакцините, како и потреба од заштита на граѓаните не дава простор за нарушување на човековите права.

„Јас мислам дека во овој случај не станува збор за повреда на основните човекови права и слободи. Да, станува збор за ограничување, што како можност е предвидено како во меѓународните договори така и во Уставот на државата, а кое во случајот е поврзано со заштита на здравјето на граѓаните. Би имало дискриминација доколку вакцината се наплатува и доколку не може секој да си ја дозволи, односно да ја добие„ смета професорката Најчевска.

Целата анализа прочитајте ја на Фактор.мк