Дали тој ќе биде следниот претседател на Америка? А кој би му бил заменик
Дури 48 проценти од анкетираните Американци би сакале да ја видат претседателската кандидатура на „Карпата“ Двејн Џонсон.
Во последните месеци, неколку познати личности покажаа интерес да се приклучат на американската политичка сцена, а меѓу нив се и актерите Двејн Џонсон и Метју Меконахи.
„PeopleSay“ спроведе анкета со над 30.000 Американци и резултатите покажуваат дека 58 проценти од нив поддржуваат една од опциите за политичка активност на овие двајца актери. 29 проценти би го поддржале Џонсон како претседател и Меконахи како гувернер на сојузната држава, 17 проценти би го поддржале само Џонсон, а 12 проценти само Меконахи.
Така, вкупниот процент на поддршка за Џонсон е 48% од испитаниците. Покрај Двејн, испитаниците би сакале да ги видат Том Хенкс, Вил Смит, Опра Винфри и многу други како нивен претседател.