Дали знаете за што служи малата дупка на капакот на пенкалото?

Дизајнерите на BIC го редизајнираа популарното хемиско пенкало Crystal Pen уште во 1991 година, но тоа остана незабележано од јавноста.

Меѓутоа, со текот на времето, конкуренцијата го забележа овој детаљ, па редизајнот на BIC беше копиран од некои други големи производители.

Тоа е дупка во капакот која доколку дете или возрасен случајно ја проголта, овозможува дишење доколку остане заглавена во душникот и преживување додека не пристигне брзата помош.

Овој мал отвор секоја година спасува стотици детски животи, бидејќи децата често ги голтаат капаците на хемиските пенкала, како и други мали нешта што сакаат да ги стават во уста.

Возрасните се повеќе склони кон џвакање на капакот, кој може ненамерно да се лизне низ грлото. Некои земји го препорачаа истиот дизајн на хемиско пенкала на нивните производители.


Фото: Youtube- sacreenhoot- BIC Group Official